Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска ја посети нуклеарната централа во Козлодуј, јави дописникот на МИА од Софија и додаде дека во разговорот со раководството на централата тој побарал да се расчистат пречките за реализација на проектот со американската компанија „Вестингхаус“, со цел Бугарија да добие и алтернативно гориво за нуклеарната централа.
Во моментов, бугарската нуклеарна централа е целосно зависна од руското нуклеарно гориво за својата работа.
Петков оствари средба не само со раководството на нуклеарната централа „Козлодуј“, туку и со претставници на американската компанија „Вестингхаус“. На разговорите учествуваа и министерот за енергетика Александар Николов и менаџментот на Бугарскиот енергетски холдинг.
Премиерот Петков на разговорите со раководството на нуклеарката „Козлодуј“ изјави дека е вознемирен од тоа што се случува во Европа. Тој предвидува дека војната ќе продолжи уште пет години. Затоа, изрази желба Бугарија да може да ги продолжи можностите за завршување на процесот на диверзификација на нуклеарното гориво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.