Во Србија ноќеска немаше нови случаи на заразени со Ковид-19, но до синоќа во 20 часот беа регистрирани вкупно 46 потврдени случаи на заразени со коронавирус.
Според министерот за здравство на Златибор Лончар, од петте новозаразени, тројца се во домашна изолација со полесна клиничка слика, додека две лица се задржани на болничко лекување, без компликации и со стабилна општа состојба.
Лончар изјави дека од 12 примероци тестирани на коронавирус, пет биле позитивни. До 20 часот на 14 март, вкупно 268 лица биле тестирани во Националната референтна лабораторија Торлак.
Лончар кажа дека на Клиниката за инфективни болести во Белград има 12 пациенти и дека сите се стабилни и никој не е на респиратор. Тој додаде дека пет пациенти во Ниш се добро, како и еден во Крагуевац и дека никој не е на интензивна нега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.