Нови пет случаи со коронавирус во Србија. Министерството за здравство потврди за пет, од 25 тестирања денеска.
Денеска се тестирани 25 лица, од тоа пет се позитивни. Сите се чувствуваат добро. Четворица веќе заминаа дома во изолација, а еден пациент ќе остане на лекување“, соопшти министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар.
Со тоа бројката на заразени со коронавирусот во Србија се искачи на 24 лица. Еден пациент од Кикинда е во тешка ситуација. Другите се во добра здравствена состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.