Пензионерка од Словенија починала откако била вакцинирана против ковид-19. Здравствените власти тврдат дека била болна од други болести.

Таа примила вакцина што ја развија компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“, пренесуваат словенечките медиуми.

Како што објави словенечката телевизија, случајот бил пријавен кај здравствените власти, но засега не се познати конкретни податоци, пренесува хрватски „Индекс“.

Националниот институт за јавно здравје објави дека досега добиле само еден извештај за несакани ефекти по вакцинирањето и еден смртен случај кој се совпаѓа со вакцинацијата, за што потоа го известиле Министерството за здравство.

Министерството, наводно, ќе свика комисија за вакцинација за детално проучување на случајот и утврдување дали има каква било врска помеѓу вакцинацијата и смртта на корисникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.