Екипите на истанбулската полиција за борба против организиран криминал започнаа акција за приведување на осомничени лица за кои утврдиле дека биле активни на територијата на градот во кривични дела како „злосторничко здружување“, „киднапирање“, „тешка кражба“, „изнуда“, „мито“, „закана“ и „нанесување телесни повредди“, „закана“ и „лишување од слобода“, пишува Си-ен-ен Турк.
Во рамките на предметната истрага се спроведува истовремена операција за фаќање на 63 лица, предводени од Седат Пекер, на 121 адреса, во пет окрузи, чиј центар е Истанбул.
Во пет окрузи, чиј центар е Истанбул, започна операција против 63 лица „здружени во група на организиран криминал“, меѓу кои е и Седат Пекер. Соопштено е дека Седат Пекер е надвор од земјата. Два дена преттходно во Македонија 9 полицајци се приведени под обвинение дека издавале лажни документи за државјанствол. Помеѓу лицата со лажно државјанство се наведува и Седат Пекер.
Како што се наведува, во акцијата се користени беспилотни летала за надгледување, со поддршка од тимови за специјални операции, при што се приведени многумина од осомничените, а потрагата продолжува на предвидените адреси.
Исто така, се наведува дека Седат Пекер е надвор од земјата. Полицијата врши претрес во вилата на Седат Пекер во истанбулската населба Бејкоз. Се претбарува и неговиот луксузен џип во вилата.
Во пет окрузи, чиј центар е Истанбул, се спроведува операција чија цел се Седат Пекер и негови луѓе. Полицијата утрово во раните часови влезе во вилата на Пекер во Бејкоз. По влегувањето екипите почнаа пребарување во вилата. Полицијата врши претрес и во возилата што се затекнати во вилата, при што до детали се прегледува луксузниот џип затекнат во вилата.
Додека власта во Македонија се обидува да се испере од давањето на македонски иправи на Седат Пекер, Турција тргна во сериозна акција против него.
Моментално никој не знае каде е и со кој пасош се крие Пекер.
Организацијата била вклучена во многу кривични дела и членови на организацијата кои ги извршиле овие дела.Во истовремената акција против 63 осомничени во 5 провинции на 09.04.2021 година, многу осомничени беа фатени и приведени како криминалните елементи. Против лицата беа покренати неопходни постапки , стои во соопштението на полицискиот оддел во Истанбул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.