Сунита Хиндиќ Бошњаковиќ, пејачка од Босна и Херцеговина, е уапсена за убиството на 55-годишниот Нино Иванковиќ, сопственик на мотел во местото Буна крај Мостар.

20-годишната пејачка според локалните босански медиуми сама се пријавила во полиција, а од извори на полицијата, се потврдува дека Сунита била донесена од Травник во Мостар со двете нозе во гипс бидејќи и двете нозе ѝ биле скршени, а моментално трае распитот.

Насилството не ѝ било непознато на локалната пејачка која и порано е приведувана за насилство и арогантно однесување во полиција.

Сунита има Фејсбук профил кој изобилува со полуголи фотографии, пеела по кафеани, а често се фалела дека била избрана за мис на Херцеговачко-неретванскиот кантон во БиХ.

Таа има поставено и видео на Јутјуб, прекукое и се обраќа на јавноста, кое своевремено беше хит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.