ПЦР тестот на жената која го донела новиот вид корона во Србија бил негативен. Шеетсет и тригодишната жена допатувала од Лондон, и најверојатно се заразила во авион.
Ѝ се слошило по три дена по допатувањето во Србија и тогаш тестот ѝ бил позитивен, соопшти министерот за здравство на Србија Златибор Лончар во утринска емисија.
Тој смирува дека ситуацијата е под контрола и дека жената и нејзиното семејство веќе закрепнуваат.
Засега, вели тој, не се знае дали новиот вид корона е посмртоносен од претходниот.
Се работи за промена на геномот на истиот вирус. Сличен е, но не е ист. Разликата е во тоа што многу побрзо се јавува клиничка слика. Нејзиниот сопруг многу бргу завши во болница со воспаление на двете белодробни крила. Золвата дошла од Тузла и веднаш се заразила, не таа не е во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.