Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос од Брисел испрати порака до Турција да го почитува меѓународното право.

Во грчко-турските односи, одново повторувам дека се стремиме кон пријателски и добрососедски односи и ја поддржуваме европската перспектива на Турција. Но, за ова, предуслов е, од страна на Турција да има искрено почитување на европското законодавство, чиј нераскинлив дел е и програмата „НАТУРА 2000“ и меѓународното право – порача грчкиот претседател, говорејќи пред Грците кои што се вработени во европските институции.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, споменувајќи ги Лозанскиот договор и Договорот од Париз, Павлопуллос нагласи дека тие „не оставаат простор за сиви зони“ и нивното оспорување „води до оспорување на границите, не само на Грција, туку и на ЕУ“

Во однос на кипарското прашање, грчкиот претседател истакна дека тоа е меѓународно, во главно, европско прашање, за кое Грција се стреми да се реши што е можно побргу со постигнување праведно и одржливо решение

Не сфатливо е Република Кипар, како рамноправна членка на ЕУ, да има ограничен суверенитет – оцени Павлопулос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.