Патријархот Иринеј бил заразен со коронавирус и бил примен во специјалната ковид болница во Белград, објави вечерва Српската православна црква (СПЦ).

Како дел од редовната постапка за тестирање, и по епидемиолошката проценка, беше извршен PCR-тест на САРС КОВ2, кој потврди дека Неговата Светост Српскиот патријарх г. Иринеј е позитивен без симптоми и одлична општа состојба. Неговата Светост беше хоспитализирана во ковид болницата во Белград“, се наведува во соопштението на Српската православна црква.

 

 

Во неделата, 1 ноември, патријархот Иринеј присуствуваше на погребот на митрополитот Амфилохије во криптата на Храмот Христово воскресение во Подгорица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.