Како што можеше да се претпостави, викенд колапсот после празниците почна на граничните премини при излез од Србија, јавува Блиц. Патниците јавуваат дека чекаат и по неколку часа.
Најдолго задржување е на влезот во Србија од Македонија, каде се чека со часови. Патниците од Турција, Грција и други земји се враќаат во Западна Европа низ Македонија и Србија, па на патиштата има непрегледни колони возила.
Малку подобра е ситуацијата на влезот во Србија од Бугарија, каде од раните утрински часови имало поголема колона возила.
Патниците по Фејсбук групите јавуваат дека гужвите на излезот од Србија кон Унгарија, не се толку страшни, ама дека со часови чекаат на унгарската граница, поради ригорозните контроли.
Се очекува утре да има уште поголеми гужви на границите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.