Патниците кои пристигнуваат на аеродромот во Љубљана ќе може да бидат тестирани за корона вирус директно на аеродромот.
Инсталирањето место на нашиот аеродром ни дава надеж дека воздушниот сообраќај ќе закрепне побрзо и дека ќе се врати довербата – изјави директорот на аеродромскиот оператор „Фрапорт Словенија“, Змаго Скобир.
Патниците кои ќе сакаат да бидат тестирани веднаш по пристигнувањето или пред поаѓањето, ќе мора да закажат тест и да платат 110 евра за тоа. Резултатите ќе бидат готови за четири до шест часа и испратени до патниците по е-пошта на словенечки и англиски јазик.
Доколку тестот е позитивен, ќе биде известен Националниот институт за јавно здравје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.