Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ денеска објави дека е подготвена за постизборни разговори со потенцијални партнери за формирање нова влада и ја повика меѓународната заедница да молчи, како што тоа го правела досега кога станува збор за мешање во изборниот процес во Црна Гора од страна на соседната држава и Црква.

Ова беше објавено по седницата на претседателството на партијата одржана синоќа, со која претседаваше Ѓукановиќ, на која беа анализирани резултатите од парламентарните избори одржани на 30 август.

Тие наведуваат дека изборните резултати на ДПС биле „под очекувањата“, но дека, сепак, партијата е „поединечен победник“ на изборите.

Таквиот резултат е уште позначаен затоа што беше постигнат во контекст на пандемијата Ковид-19 и нејзините последици, невидена пропагандна кампања од соседството и нејзините водачи и отвореното учество на Српската православна црква во изборни процеси, што е незабележано во модерна Европа и за жал, тоа беше е осудено од меѓународната заедница, оценува партијата.

Тие посочуваат дека ДПС е подготвена за постизборни разговори со потенцијални партнери, пред се со партиите со кои досега конституираше парламентарно мнозинство, пренесува Танјуг.

Имајќи ја предвид опасноста што се надвиснува над Црна Гора, ДПС ќе го подреди својот партиски интерес на општиот интерес и во интерес на сите патриотски сили да се зачува независноста на Црна Гора, нашиот идентитет, нашиот евроатлантски пат, вредноста на антифашизмот и нашиот меѓуетнички соживот, велат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.