Нови фотографии испратени до бугарските медиуми на 9-ти ноември го прикажуваат поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов како спие во државна резиденција со значителна сума на евра во фиока покрај креветот и пиштол на врвот на ноќната маса.

На една од фотографиите се гледа пиштолот оставен на масата, а до него има портокалов презерватив.

Фотографиите беа дистрибуирани само неколку дена пред предвремените општи избори на 14-ти ноември. Партијата на Борисов ГЕРБ, која владее со земјата 12 години, е фаворит на изборите, но сепак се очекува да освои помалку од една четвртина од сите гласови и да биде тешко да најде коалициски партнери за четврти мандат.

Фотографиите се испратени од анонимен испраќач до ток-шоуто „Евро Дикоф“ со е-пошта во која се наведува дека потегот е предизвикан од неактивноста на обвинителството, откако беше објавен првиот сет фотографии во гангстерски стил во јуни 2020 година, кога Борисов уште беше на чело на државата, пренесува Интелињуз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.