Папата Франциск, по повод прогласувањето за светец на загрепскиот надбискуп Алојз Степинец, изјави дека не знае зошто е тоа прогласување, ако вистината не е јасна.

Степинец беше духовен човек, затоа Црквата го прогласи за блажен. Но, во одреден момент во процесот на канонизација постојат нејасни точки, историски точки. Се молев, размислував, барав совети и видов дека треба да побарам помош од српскиот патријарх Иринеј. Тој е голем патријарх. Иринеј помогна, направивме заедничка историска комисија и соработувавме. И за Иринеј и за мене единствениот интерес е вистината. И да не згрешиме. Зошто би служило тоа прогласување ако вистината не е јасна. Тоа никому не користи, изјави папата Франциск за ХРТ во авионот, по враќањето од посетата на Македонија и Бугарија.

Специјална комисија на Католичката и Православната црка покрена иницијатива да се испита улогата на загрепскиот надбискуп Алојз Степинац за време на Втората светска војна.

Верскиот аналитичар Жељко Ињац за Би-Би-Си на српски јазик вчера изјави дека на Ватикан му е важно да има добри односи со Српската православна црква, поради руската црква, но до подобрување на односите нема да дојде поради одлуката на претходникот на папата Франциск за случајот Степинац.

Папата Франциск најави реформи, но тешко може да се очекува обединување на двете цркви кои се во раскол од 1054 година, рече Ињац.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.