Пратеникот од редовите на Независни Грци, Танасис Папахристопулос, кој и во минатото јавно изјавуваше дека го поддржува Договорот од Преспа, во интервју за грчката телевизија ЕРТ, го повторил неговиот став дека откако ќе гласа за ратификацијата, ќе го отстапи пратеничкото место.

Пратеничкото место нема да го отстапам сега, бидејќи партиските линии не се над националните, тоа е мојата проценка. Но, од моментот кога прво ќе биде гласањето доверба, нешто што ми дава комоција, веднаш по Договорот од Преспа ќе го отстапам моето пратеничко место. Не сменив партија, рече Папахристопулос и објасни дека тој не сака да создаде никакви проблеми во пратеничката група на Независни Грци.

Правилен избор е тоа што премиерот бара доверба. Оваа влада треба да заврши со нејзината работа и гласањето доверба, според моето мислење беше неопходен предуслов и секако после е Договорот од Преспа. Мислам дека е правилен чекор што му дава право да оди на избори во октомври, изјавил Папахристопулос за ЕРТ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.