Во продавницата за мебел на „Икеа“ во Белград денеска настанала паника, кога се уклучил противпожарниот аларм и почнала итна евакуација. Купувачите брзо беа извадени надвор од продавницата. Како што дознава српски „Телеграф“, алармот најверојатно се активирал поради неизгасната цигара.

Очевидците за порталот велат дека луѓето паично истрчале надвор и се оддалечиле од објектот. Продавницата потоа била повторно отворена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.