Во Загреб пред зградата на хрватската Влада утрово тешко е повреден полицаец од огнено оружје, а хрватските медиуми објавија дека напаѓачот се самоубил.
Полициските службеници на адреса во Јабуковац пронајдоа лице кое одговара на описот на напаѓачот, лицето изврши самоубиство, соопшти полицијата по инцидентот.
Повредениот полицаец со возило на брза помош е однесен во болница.
Според очевидци при нападот се слушнало рафал, додека дел од хрватските медиуми објавија дека во полицаецот е пукано од калашњиков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.