Холивудската ѕвезда, Памела Андерсон, им се обрати на хрватските гласачи пред утрешниот изборен ден за пратеници од оваа земја во Европскиот Парламент.
аа го поддржа Движењето за демократизација на Европа, чии основачи се поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис и хрватскиот активист и филозоф, Среќко Хорват.
Андерсон изјави дека е среќна што нејзиното обраќање предизвикало ,,мал политички земјотрес“ во Хрватска.
Можеби на Хрватска ѝ е потребен политички земјотрес, ако сака да ги спречи илјадниците луѓе да заминат од неа поради лошата економија-напиша таа на Твитер.
Некогашната хоивудска заводничка дава поддршка за хрватската лево-зелена платформа, на препорака на нејзин пријател од Хрватска.
Мојата порака би била: обрнете внимание на тие движења, поддржете ги децата, излезете од националистичкото минато-порача Памела Андерсон.
Таа е активна во светската политика. Близок пријател е со дисидентот Џулијан Асанж и секогаш му дава јавна поддршка.
Поголемиот број луѓе ја познаваат Андерсон како ултимативен секс-симбол, модел кој бил рекорден број пати на насловната страница на „Плејбој“ – дури 14. Но помалку е познато дека актерката од канадско потекло има долга кариера на јавен ангажман околу низа општествени проблеми, како борбата против сидата, правата на животните, прашањето за климатските промени…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.