Целта на администрацијата на САД е да го прекинат дијалогот меѓу Косово и Србија со договор за заемно признавање, изјави Метју Палмер, висок американски дипломат одговорен за Западен Балкан.
Во заедничкото интервју за КТВ со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, тој рече дека САД силно го поддржуваат тој процес.
– Не сум склон да одредувам краен рок за дијалогот. Но, ние апсолутно ја споделуваме целта на нашите партнери од Европската унија да го придвижат процесот напред, и пред сè, да биде постигнат брз напредок, рече Палмер.
Тој истакна дека САД би сакале да имаат правно обврзувачки договор за целосно нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, што ќе отвори јасен пат кон евроинтеграциите.
– Ние ќе ги охрабриме Белград и Приштина сериозно да се вклучат и да ги решат работите што е можно побрзо, рече Палмер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.