Претседателот на Словенија, Борут Пахор, изјави дека државата не е во политичка криза и дека евентуалните предвремени избори што ги бара опозицијата ќе ја намалат способноста на земјата да се докаже како успешно претседателство со Советот на Европска Унија.
Не сме во политичка криза затоа што функционираат сите институции, изјави Пахор за Словенечката телевизија, истакнувајќи дека поради нестабилното и неизвесно владејачко мнозинство во Парламентот, станува збор за „состојба на зголемена политичка неизвесност“, а не за политичка криза.
Осврнувајќи се на критиките кон владата на Јанез Јанша за наводната контрола врз медиумите и неназначувањето делегирани обвинители во Европското јавно обвинителство (ЕППО), Пахор наведе дека сака да мисли дека Владата може да ги реши овие проблеми до почетокот кога Словенија ќе го преземе претседателствувањето со ЕУ на 1 јули.
Пред два дена во Брисел, по состанокот со европските лидери, Пахор посочи дека до почетокот на словенечкото претседателствување со ЕУ, Владата во Љубљана треба да реши два проблема кои неодамна беа мета на критики од домашните јавноста – одбивањето да се назначат двајца обвинители во новото Европско обвинителство и буџетското финансирање на словенечката новинска агенција СТА.
Словенечката министерка за правда Лилијана Козловиќ поднесе оставка на крајот на мај поради одлуката на Владата да ја поништи постапката за назначување на двајца обвинители делегирани во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.