Претседателот на Словенија, Борут Пахор, на панел дискусија на Преспанскиот форум за дијалог, истакна дека земјите од Западен Балкан треба да го забрзат темпото на реформските мерки и нагласи дека побрзата интеграција на Западен Балкан во ЕУ ќе ги потокопа наивните и опасните идеи за промена на границите.
Побрзата интеграција на Западен Балкан ќе ги потокопа наивните и опасните идеи за промена на граници. Затоа ги одбивам сите идеи за промена на граници. Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан е геополитичко прашање од највисок приоритет. Самите земји од Западен Балкан треба да го забрзат темпото на реформските мерки. Побрзото проширување е суштински и витален интерес на Европската Унија – изјави Пахор.
Според словенечкиот претседател, она е што е потребно е да се интегрира регионот на Западен Балкан во целина, да ги вкулучи сите земји во својата стратегија за проширување.
Капацитетот за апсорција на ЕУ е доволен за брзо проширување со земјите од Западен Балкан. Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан се повеќе стана и временски критично прашање. Забавувањето на проширувањето ја забавува, довербата на ЕУ во овој регион и остава простор за национализам и за влијание на трети земји – подвлече Пахор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.