Две лица загинале откако претпладнево се урна мал авион во селото Хариа, во близина на Пиргос во западниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.
Причините за падот се сè уште непознати, а според пишувањата на грчките медиуми станува збор за авион за обука. Загинале пилотот и еден патник.
На местото на несреќата првично пристигнало локалното население, а потоа, како што соопштија од противпожарната служба на Грција, и 14 пожарникари со шест возила, кои ги лоцирале остатоците од авионот и ги извлекле безживотните тела на двајцата патници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.