Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли и порача на српската премиерка Ана Брнабиќ дека нема да и биде дозволен влезот во оваа држава се додека таа спроведува „расистичка и болна идеологија против жителите на Косово“.

Пацоли на својот Твитер профил напиша дека тврдењата на Ана Брнабиќ изречени во присуство на шефот на Мисијата за Европска Унија во Белград се потполно неприфатливи.

Се додека сум министер за надворешни работи на Косово, и додека Ана Брнабиќ е расист и спроведува болна идеологија кон косовскиот народ, нема да и дозволам да влезе во Косово“, напиша Пацоли на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.