Девет лица загинаа во пожар што избувна во единицата за интензивна нега за пациенти со ковид-19 во романскиот град Констанца, соопштија тамошните власти.
Пожарот бил изгаснат околу 10:55 часот по локално време. Видеата од местото на настанот покажуваат како пациентите скокаат од долните катови на болниците и пожарникарите ги изнесуваат луѓето.
Привремениот романски министер за здравство Чесе Атила рече дека во моментот на пожарот во болницата имало 113 пациенти, а 10 биле на интензивна нега.
Досега 50 пациенти се пренесени во други болници.
Бројот на нови случаи на инфекција во четвртокот беше 12.032, што е нов рекорд. Романија ја има втората најниска стапка на вакцинација во Европската унија, зад Бугарија.
Во февруари, од пожар во ковид болница во романската престолнина Букурешт, животот го изгубија шест лица. Минатиот ноември, десет лица загинаа во пожар на единица за интензивна нега во болница во Пјатра Нимт, на североистокот од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.