Осумдесетгодишен човек исчезнал од Ковид-болницата од Суботица, по што му се губи секој траг.

Ќерката на исчезнатиот човек, вели дека се загрижени за него, затоа што освен позитивен на корона, тој бил и дијабетичар.

Татко ми е позитицвен на Ковид-19. Тој исчезна од делот Ковид 2 во болницата. Кога се јавив во болница да прашам како е, за него ми рекоа дека го нема, дека исчезнал. Тој едвај оди, доста е дебел и сигурна сум дека се уште е некаде во болницата или во кругот на болницата. Не можам да верувам дека тој сам, без никој да забележи можел да исчезне, морало да помине и крај портирот. Вакво нешто никогаш порано се нема случено – вели ќерката за „Блиц“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.