Будва стана корона жариште. Во Црна Гора има најмногу нови случаи за четири месеци, а најмногу инфицирани има во Будва. Градот е во црвената зона.

Потврдени се 332 нови случаи на коронавирус. Меѓу нив има 41 турист, претежно од Будва и Улцињ.

Дека ситуацијата е комплицирана, потврди и директорот на Црногорскиот институт за јавно здравје, Игор Галиќ. Toj вели дека повторно има локален пренос на коронавирусот и дека може да се разговара за нов бран. Oткако почна пандемијата имаше и период кога Црна Гора беше земја без корона. Во сите земји во регионот расте бројот на инфицирани со ковид. Црна Гора е земја каде нашите туристи можат да патуваат слободно, без ПЦР тест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.