Во злосторството какво што не се памети во поновата хрватска историја, убиени се шест лица од кои едно дете од 10 години.
Разбеснетиот убиец на смрт изрешетал двајца мажи, три жени и дете, додека преживеало единствено едно бебе кое сега е згрижено.
Според пишувањата на хрватските медиуми, убиецот Игор Наѓ имал 36 години и бил во врска со една од жртвите со која наводно имал и бебе, кое единствено не е убиено во масакрот.
Според неофицијални информации убиени се сетрите Маја и Јосипа Тојагиќ, а 10 годишното дете најверојатно е син на Маја. Меѓу убиените се и Драгомир Тојагиќ и Фиљке Тојагиќ.
Несреќната Маја за осум дена требало да го прослави 35 роденден. Според непотврдени информации Маја работела во салон за масажа каде го запознала Игор, по што започнале врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.