Родителите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ за прв пат излегоа во јавноста за да кажат дека се горди на својот син, но и загрижени за неговата безбедност.

Анѓелко и Ангелина велат дека синот не го гледаат често но оти по гласот знаат кога има проблеми и многу работа.

Ни сам не знам кои маки го мачат. Одам понекогаш во неговиот Кабинет но и тогаш не можам да го видам.Постојано некој влегува и излегува а тој има состаноци-вели таткото.

Мајката пак вели дека последен пат синот го видела за нивната слава Св.Никола.

Беа со брат му Андреј.Но, не можеше да го мине целиот ден со нас. Одеше па се враќаше.Но, барем заедно ручавме и беше прекрасно-вели мајката Ангелина.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.