Со почетокот на туристичката сезона се објавија и првилата за однесување на грчките плажи.
Гужвите на плажите ова лето ќе станат минато па така ќе бидат дозволени само 40 капачи на 1.000 м2.
Растојанието помеѓу шипките на двата чадори мора да биде во опсег од 4 m а дозволени се максимум две лежалки под еден чадор, со исклучок на семејства со малолетни деца.
Минималното растојание помеѓу две лежалки што се под различни чадори мора да биде 1,5 m. Кантини и кафе барови на плажа можат да продаваат пакувани производи а забранета е продажба на алкохолни пијалоци.
Сите пливачи мора да имаат свој пешкир на лежалката и нема да биде дозволено користење на туѓ пешкир.Казните пак за неносење маски во затворени простории изнесува 150 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.