Професорот Ефтимис Лекас, експерт за управување со природни катастрофи нагласил дека светот се противи на „новите видови на опасност“ чии варијабли во голема мера се непознати и дека мора да се прилагоди на нивната се почеста појава.
Имаме слика од тоа што се случило од прв момент, но ги анализираме карактеристиките на феноменот и сметаме дека беше единствен, рекол Лекас.
Секоја појава во извесна мерка е единствена, секако, но тоа што не изненади, што ме изненади лично, е дека секогаш се соочуваме со нови со новите видови на опасност, истакнал тој.
Како пример, тој го навел патувањето во Индонезија пред шест месеци со тим од научници, за да проучат цунами кое се случило без никаков претходен земјотрес, нешто што никогаш претходно не било забележано.
Мораме да ги заборавиме старите структури за вонредни ситуации и се што знаевме досега. Мораме да се прилагодиме на појавата од нови опасности чии димензии и карактеристики не ги знаеме, опасностите кои ќе бидат се почести, рекол тој и додал дека секогаш ќе имаме големи подрачја зафатени од вакви непогоди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.