Првата жртва на коронавирусот во Хрватска е истарскиот угостител Антон Керњус, кого сите го викале Нино.
Од 1994 година со сопругата Алма го водел ресторанот Астареа во Бртониглу, на западот на Истра, кој е еден од најдобрите рибни ресторани во Хрватска.
Целото семејство е во шок откако Антон почина во изолација, посебно неговата сопруга Алма и синот Иван.
Синот вели дека татко му бил добро и бил витален. Ресторанот е затворен откако истарскиот кризен штаб наложи затварање на сите угостителски објекти во Истра.
Не знаеме што и како понатаму, не знам ни како ќе го организираме погребот – рекол Иван, потресен поради ненадејната смрт на татко му.
Антон починал додека бил во самоизолација, поради сомнеж дека има коронавирус, што подоцна е и потврдено. Сепак точната причина за смртта ќе се знае после обдукцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.