Српските медиуми го пронајдоа професорот херој, кој вчера успеа да избегне трагедија совладувајќи го вооружениот маж кој упадна со автоматска пушка и експлозив во средното економско училиште „Вук Караџиќ“ во Велика Плана, Србија. Славољуб Стојадиновиќ во училиштето предава физичко образование, а неговата брза интервенција спречи трагедија.
Тоа се случи за време на шестиот час. Ме повика моја ученичка да дојдам од салата за физичко и ми кажа дека човек со оружје е кај нив во училницата. Истрчав од салата, чукнав на вратата и го видов колегата кој предава филозофија, седеше на катедрата преплашен. Од десна страна здогледав лице со оружје и торба полна експлозив. Го прашав кој е, но не го слушнав одговорот, вели Стојадиновиќ за српските медиуми.
Тогаш им наредил на децата да излезат. Почнала борба со напаѓачот кого успеал да го совлада, при што ја повредил раката. Во туркањето биле испукани два истрели, но завршиле во таванот.
Училиштето нема обезбедување, но има камери. Напаѓачот сепак успеал да влезе.
Училишниот полицаец во тој момент не беше во училиштето. Напаѓачот влегол во училиштето вооружен додека чистачките чистеле, додаде Стојадиновиќ и додаде дека децата биле заложници 15-тина минути, додека тој не се појавил.
Како што објавија српските медиуми, напаѓачот е 46-годишниот Горан Т., психички нарушена личност. Сакал да предизвика заложничка криза во училиштето, а кај него биле најдени и пиштол, експлозив и рачна бомба.
По нападот бил одведен во болницата каде што е згрижен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.