Самитот во Згареб кој требаше да се одржи оваа недела поради коронавирусот ќе се одржи алтернативно на 6  мај преку видео конференција, пишува Еуроактив, Јутарњи,хр. 

Иако амбицијата на хрватското претседателство беше овој самит да биде пресвртница во процесот на проширување на ЕУ и перспективите на членство на земјите од регионот, исходот ќе биде под овие очекувања.

Загреб се надеваша на силна политичка порака со која би се одбележале 20 години од првиот самит на ЕУ во главниот град на Хрватска, но сечини од тоа нема да биде ништо. Тоа е видливо од нацртот на „Делкарацијата од Загреб“ која ќе биде усвоена и во чија содржина Јутарњи лист имал увид.

Никаде во текстот не се споменува проширување, членство ниту интеграција во ЕУ. постои само неодредена реченица за „европска перспектива“ и за силно поврзување. При тоа може да се рече дека оваа Декларација во својата содржина нуди многу помалку отколку онаа пред 20 години. Причината за тоа, како што дознава Јутарњи лист од дипломатски извори, е инсистирањето на некои држави, како Франција и Холандија, но до некаде и Германија, ова да не биде самит за проширување.

Во текстот не се споменува ниту најголемиот успех во тој процес во текот на хрватското претседавање-одлуката за пристапни преговори со Албанија и Македонија. Но, дипломатите сметаат дека сепак е добро што сето ова, без оглед на околностите, овој самит ќе се одржи и што се повторува потпората за „европска перспектива“ на регионот, колку да не се заборави на тоа.

Од текстот на нацрт декларацијата видливо е дека кризата со Ковид-19 имаше влијание и на сегашните и на идните односи кон регионот. Притоа таа може да послужи во јакнење на соработката која ЕУ постојано ја бара (познатиот проект „мини шенген“ кој го развиваат Албанија, Србија и Македонија), но и јакнење на врските со ЕУ.

Целиот текст на следниов линк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.