Таткото на тригодишното девојче кое утрината беше убиено од својата мајка, е во состојба на шок, информираат здравствените органи во Белград.
Тој се вратил од трета смена и затекнал грозоморна слика пред зградата во која живееле на Бежаниска коса во Белград.
Српските медиуми известија за страшна трагедија, а и ја објавија фотографијата на мајката.
36 годишната Данијела Р., првин ги пресекла вените на своето дете, ја фрлила од балкон од 4 кат, а потоа намерно предизвикала пожар во станот, по што исто така си ги пресекла вените и се фрлила по ќерката.
Двете починаа на местото на трагедијата.
Соседите, од кои некои очевидци, се силно вознемирени.
Раскажуваат дека семејството делувало дека е стабилно и среќно, па затоа не можат да сфатат што ја натерало мајката на ваков монстуозен чин.
Таа работела во ВМА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.