Емил Живиќ од Ниш е човекот кој вчера во својата викендица во селото Пасјача го пронашол киднапираното девојче Моника Каримовиќ. Во изјава за „Блиц“ Живиќ вели дека сè уште е под стрес поради тоа што се случило, но дека е пресреќен бидејќи девојчето е живо. Тој раскажал дека сосема случајно со синот одлучиле да поминат до викендицата која ја поседувале во ова село, а во која не живеел никој.
Поминувавме со синот и одлучивме да ја посетиме викендицата. Кога се доблуживме видов дека е отворена подрумската врата, па отидов до неа за да ја затворам. Веројатно монструмот на спратот во тој момент слушнал тропање. Син ми го виде од прозорецот, бидејќи тој веднаш се обидел да излезе од другата страна, раскажува Живиќ за „Блиц“.
Како што тој раскажал, бил свесен дека мора брзо да се снајде и да импровизира.
Му викнав на си ми: „Дај ми го пиштолот!“ Иако немаме оружје, сепак морав да се снајдам. Тој човек веднаш истрча од другата страна на прозорецот, па преку тераса скокна на земја. Се најде очи во очи со мојот син, ја опишува драматичната ситуација овој храбар маж.
Како што рекол тој, Нинослав Јовановиќ познат како Малчански бербер, веднаш побегнал преку ливадата во непознат правец.
Тргнав по него за да видам во кој правец ќе се движи и повикав полиција, рекол Живиќ.
Тој за „Блиц“ открил и дека не очекувал дека Јовановиќ со девојчето би можел да се крие во неговата викендица, бидејќи знаел дека потрагата се базила во селата околу Књажевац, кој бил одалечен на околу 40 километри од Пасјаќ.
Тој рекол и дека бил многу вознемирен поради целото тоа, но дека му станало полесно кога видел дека девојчето нема повреди по лицето.
Беше бледа како и сега. Само ја погледнав во лицето, видов дека нема повреди и тогаш се израдував. Три пати се прекрстив во име на Бог, раскажува овој човек кој го спаси девојчето за српски Блиц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.