Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска е домаќин на премиерот на Албанија, Еди Рама и вицепремиерот на Македонија, Никола Димитров.

Средбата во Палатата Србија се одржува во рамки на иницијативата за соработка наречена „Отворен Балкан“. По тој повод, Вучиќ на Инстаграм порача дека „Отворениот Балкан“ е историска одлука.

Инаку, како што е најавено, Вучиќ, Рама и Димитров прво ќе разговараат со претставници на компании од Србија, Албанија и Македонија. Потоа следува средба на тројцата функционери со претставници на Атлантскиот совет, па ќе се одржи средба на тројцата функционери, по што Вучиќ, Рама и Димитров ќе се обратат пред медиумите.

Иницијативата за отворен Балкан е економска зона формирана од три регионални земји – Албанија, Македонија и Србија – и има за цел да ја зголеми трговијата и соработката, како и да ги подобри билатералните односи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.