Отворањето на преговорите за членство во Европската Унија со Македонија беше една од темите на синоќешната средба на францускиот претседател Емануел Макрон со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Како што пренесува ХИНА, двајцата политичари разменија мислење околу динамиката и методологијата на водење преговори со земјите кандидати за членство во ЕУ, со фокус на отворањето на преговори со Македонија и Албанија.
Макрон и Пленковиќ се состанаа во Брисел на маргините на состанокот на врвот на ЕУ.
Во мај, Загреб и Хрватска како следен претседавач со Европската Унија ќе бидат домаќини и организатори на самитот на лидерите на земји членки на ЕУ. Според најавите, таму ќе бидат поканети да учествуваат и шест држави од Југоисточна Европа. Целта на хрватската Влада е до тогаш да биде постигнат консензус меѓу членките, со цел да се даде јасен сигнал за европските перспективи на овие земји, и за старт на преговорите со Македонија и Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.