Мерките во Грција и Албанија за справување со пандемијата на коронавирусот, како и политиката за постепено укинување на рестриктивните мерки за да се обнови поврзувањето меѓу двете соседни земји биле темите за кои денеска, телефонски разговарале претседателот на владата на Грција, Кирјакос Мицотакис и неговиот албански колега Еди Рама, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.
Грција, како што објави МИА минатата седмица, до 15 мај 2020 година ја продолжи мерката за привремено ограничување на сите авионски, железнички и патни поврзувања со Македонија и Албанија, одлука, првично донесена на 15 март годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.