Сопственикот на куќата од каде 54-годишниот Јосип Роѓак утрово околу 6 часот ги фрлил своите четири деца низ балкон, за хрватските медиуми раскажува за моментот кога го чул плачот на децата.
Слушнав кај што плачат, се симнав пред куќата, сè беше полно со крв, вели за „Дневник“ 85-годишниот Бернард Маричевиќ, во чија зграда како потстанари живеела фамилијата.
Тој ги видел трите деца како лежат крвави на бетонот, а во тој момент таткото го фрлал четвртото низ балконот.
Почна да вика по мајка си и таа истрча долу. Му викна „Ку**ин сине!“. Не смеевме да ги мрдаме, само видовме дека се живи. Го зедов само најмалиот од две и пол години, го однесов кај мене и го покрив со ќебе додека да дојде помош, раскажува соседот.
Тој додава дека веднаш по инцидентот таткото ладнокрвно влегол во автомобилот и отишол сам да се пријави во полиција.
Соседот вели дека досега немал проблеми со потстанарите и никогаш не слушнал дека тој ги тепал децата. На инцидентот не му претходела семејна расправија.
На вонредната прес-конференција, лекарите од задарската болница изјавија дека седумгодишното девојче е во најтешка состојба, со тешки повреди на главата и во моментов е во кома. На интензивна нега се наоѓа и нејзината постара сестра (8), која е во свесна и стабилна состојба, но која ќе мора да биде оперирана утре.
Петгодишното девојче помина со најлесни повреди, главно гребнатини по лицето и контузија на градниот кош. Момчето (3) е стабилно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.