Причината за смртта на осум млади луѓе на новогодишната ноќ во близина на Посушје е труење со јаглерод моноксид, покажаа лабораториските анализи.

Утврдено е дека кај сите осум лица дошло до интоксикација со јаглерод моноксид со утврдена концентрација во крвта, што е смртоносна, е резултат на анализата на нивната крв – изјавиле за порталот Радиосараjево од босанското обвинителство.

На новогодишната ноќ, во страшна трагедија во Трибистово во општина Посушје загинаа Иван Миличевиќ (роден на 29.08.2001), Стипе Ромиќ (роден на 27.09.2001), Мирела Резо (роден на 8.09.2001) Шана Павковиќ (родена на 15 септември 2001 година), Миа Солдо (родена на 4 август 2001 година), Стипе Павковиќ (родена на 22 септември 2001 година) Марија Павковиќ (родена на 16 април 2001 година), Стјепан Јукиќ (роден на 9 август 2001 година).

Во викендичката во босанско Посушје, имало уште едно момче, кое ја избегна трагедијата. Момчето на иста возраст како и другите, ја напуштило новогодишната прослава неколку часа по полноќ, бидејќи рано наутро морало да оди на работа во скијачкиот центар Блидиње.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.