Полициски службеници од Државната агенција за истраги и заштита во БиХ (СИПА) уапсилe маж во Сараевскиот кантон, откако во багажникот на неговиот автомобил пронашлe 46 килограми експлозив.
Како што објавија сараевските медиуми, станува збор за Алмедин Х., кој на полицијата и бил познат како сторител на повеќе кривични дела.
При претресот на патничкото возило запленети се 26 парчиња воен експлозив тежок половина килограм, 100 парчиња воен експлозив со тежина од 200 грама и 130 парчиња воен експлозив со тежина од по 100 грама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.