Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се состане со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти во петок во Овалната соба.
Со ова, американскиот претседател ќе присуствува на церемонијата на потпишување договор помеѓу Србија и Косово, за кој медиумите претходно пренесоа, и ќе учествува на трилатералниот состанок, соопштија од Белата куќа, а пренесува Гласот на Америка.
После состанокот во Белата Куќа и Вичиќ и Хоти поединечно ќе се состанат со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Стејт департментот.
Во соопштението од Белата куќа, објавено во четвртокот доцна вечерта по локално вашингтонско време, не се наведува што ќе биде потпишано, дали се работи за договор или што договорот содржи, пишува Б92.
За време на вчерашните разговоро било напнато, пренесоа медиумите и наведоа дека на делегацијата на Србија и претседателот Вучиќ е вршен голем притисок.
По ова стигна веста дека пред делегацијата на Србија е ставен документ со 16 точки, од кои десетата била за признавање на Косово.
Ова точка подоцна во продолжението од разговорите била тргната, односно на Србија и е даден друг дукумент без спорната точка 10.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.