Српската полиција во Нови Белград открила уште еден апартман, кој наводно му припаѓал на кланот на Вељко Беливук. Според неофицијални информации, во него биле пронајдени десет милиони долари во биткоини, 100.000 евра и скапа компјутерска опрема.
Според добро информиран извор, овој стан служел како „мафијашки трезор“ за споменатата криминална група. Дрогата ја плаќале со биткоини до наркокартелите од Јужна Америка.
Звездара, Врчин, Панчево, Банатски Брестовац, Лозница, Горњи Милановац, Куршумлија, се само некои од местата каде Вељко Беливук имал станови и куќи, кои се исто така локации на некои од злосторствата за кои тој и неговата криминална група се осомничени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.