Словенечката авиокомпанија „Адрија ервејс“ поднесе барање за банкрот и ги откажа сите летови, стои во денешното соопштение компанијата. Минатата недела авиопревозникот откажа голем дел од своите летови поради финансиски проблеми, пренесува „Ројтерс“. Барањето за банкрот доаѓа откако раководството на превозникот уште минатата недела побара четири милиони евра од владата, но тие средства не беа одобрени, пренесува агенцијата СТА.

Одлуката привремено да ги прекинеме летовите е последица на недостаток на пари кои ѝ се потребни на авиокомпанијата за да продолжи со работа. Компанијата интензивно бара решение во соработка со потенцијален инвеститор. Целта да овозможиме „Адрија Ервејс“ повторно да лета, стои во соопштението на компанија.

Компанијата порано беше во државна сопственост, но приватизацијата се случи во 2016 година, кога му беше продадена на германскиот фонд 4К Инвест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.