Поради генераленот штрајк на давателите на услуги за воздушен транспорт во Италија, денеска се откажани четири лета од меѓународниот аеродром во Тирана кон Италија.
Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) објави дека се откажани летовите на „Ер Албанија“: Тирана 14:45 – Пиза 16:20 и Пиза 17:20 – Тирана 18:55 часот.
Исто така се одложени и летовите на „Алиталија“: Рим 17:00 – Тирана 18:25 и Тирана 11:25 – Рим 12:50часот.
Ве повикуваме да комуницирате со соодветните компании на споменатите летови – стои во соопштението на Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Аеродромот во Тирана, посебно во летниот период го користат многу македонски иселеници, кои живеат и работат во Италија, а доаѓаат одморот да го минат во родните места.
Исто така, оние кои одлучиле да допатуваат со автомобили го користат поморскиот превоз, најчесто траектите кои сообраќаат на релација Бриндизи-Драч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.