Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политиката, Жозеп Борел, во денешниот телефонски разговор се согласија дека е неопходна соработка и координација на мерките помеѓу Западен Балкан и Европската унија во борбата со коронавируот, при што Вучиќ порачал дека Србија смета на помошта на ЕУ во борбата против болеста, како и во отстранувањето на нејзините економски последици, соопштија од Кабинетот на Вучиќ.
Како што јави допсиникот на МИА од Белград, Вучиќ и Борел разговарале за тоа како економски да и се помогне на Србија во кризата со коронавирусот, со надеж дека „Србија ќе има ист третман како и земјите-членки и пристап до различни фондови на ЕУ“.
Во врска со набавката на медицинска опрема и материјали за борба против Ковид-19, Вучиќ ја поздравил одлуката на Европската комисија за формирање итни резерви на медицинска опрема и материјали во вредност од 50 милиони евра, кои преку Механизмот за цивилна заштита ќе бидат ставени на располагање и на Србија.
Високиот претс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.