Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, разговарал со поранешниот американски државен секретар и поранешен советник за национална безбедност, Хенри Кисинџер.
Имав извонредна чест да учествувам на ексклузивна затворена сесија со поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер – обајви Вучиќ на својот Инстаграм профил.
Кисинџер беше советник за американската национална безбедност од 1969 до 1977 година. Добитник е на нобеловата Награда за мир.
Овој разговр на Вучиќ следи отакако викендов новиот американски претседател Џозеф Бајден на Вучиќ му го честиташе Денот на државноста и посска тој да го признае Косово.
Остануваме непоколебливи во поддршката на целта на Србија за европските интеграции и ве охрабруваме и понатаму да продолжите да преземате тешки чекори кон таа цел, вклучително и воведувањето на неопходните реформи и постигнување на сеопфатен договор за нормализација со Косово, кој е фокусиран на меѓусебно признавање – порача американскиот претседател Бајден во честитката до претседателот Вучиќ.
Српскиот претседател се заблагодари на честитките од Бајден и кажа дека меѓусебно признавање со Косово не стои во ниту еден акт.
Што се однесува до меѓусебното признавање, тоа не е наведено во актот на ниедна светска организација. Ние разбираме дека ова е нова американска политика. Имаше обид тој термин да се наметне како нешто што требаше да го прифатиме како конечно решение во Вашингтон. Јас веќе еднаш кажав во лице што мислам за признавањето и мојот одговор нема да биде поинаков – изјави Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.