Драган Шево(40), кој е уапсен поради монструозното и подмолно убиство на отец Стефан, монах во манастирот Глоговац кај Шипово, кобниот ден се упатил во манастирот надевајќи се дека жртвата ќе му даде пари за да ја плати киријата во Бањалука.

Шево во понеделникот на пат тргнал во автомобил на својот познаник. За време на патот, рекол дека од отец Стефан сака да позајми пари за да го плати изнајмениот стан во Бањалука, раскажал извор од МУП на Република Српска.

Кога дошле до манастирот, Шево отишол во зградата покрај манастирот, каде го чекал отецот, не помислувајќи дека човекот на кој му помогнал да се извлече од канџите на дрогата, ќе стане негов крвник.

Истражителите ги шокирала глетката која ја затекнале на местото на убиството.

Се упатува на тоа дека отец Стефан домаќински го пречекал осомничениот убиец. Му послужил посна вечера, испекол риба и сварил грав – раскажал извор од истрагата.

На масата уредно биле поставени чинии, ама еден останал недопрен.

Очигледно е дека осомничениот немал намера да јаде и прифати гостопримство, туку дека има една цел, рекол изворот од полиција.

Кобната вечер околу 18.55 часот, Шево со нож го избодел отец Стефан по градниот кош, а потоа земал 100 марки и се вратил до автомобилот каде го чекал возачот.

Улогата на возач детално се испитува, бидејќи тој се уште тврди дека не знаел дека осомничениот го вози за да направи злосторство, ниту пак знал дека во Бањалука враќа убиец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.