Земјотрес со јачина од 5,8 степени што денеска го потресе Истанбул, повредил осум лица, а многумина во паника ги напуштиле своите домови и излегле на улиците.

Одделот за управување со катастрофи и вонредни состојби соопшти дека земјотресот е регистриран во Мраморното Море во 13.59 часот по локално време, на длабочина од седум километри и е почувствуван во западната област Мармара.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека осум лица се повредени и оти веднаш биле медицински згрижени.

Тој дополни дека освен информации за помали разурнувања, нема извештаи за голема материјална штета. Турските медиуми информираа дека децата се евакуирани од училиштата и тие денеска се затворени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.