Момче згазило на отровна риба во Егејското море – пишува српски Телеграф. Според медиумот отровната риба таканаречена морски змеј можела да му предизвика сериозни проблеми на осумгодишниот Милан Левкиќ од Бор, кој на летување во Паралија, Грција случајно ја згазил само што влегол во морето. Оваа риба која Грците ја нарекуваат „дракена“ и која живее во длабокото, овој пат се нашла во плитките води, а карактеристична е по тоа што се крие во песокот, па скоро е невозможно да се забележи при влегување во вода.
Тоа се случи на последниот ден од нашето летување и тоа час и половина пред да се вратиме назад во Србија. Само што влеговме во вода Милан почна да плаче затоа што ужасно го боли ногата. Мислев дека згазнал на некоја школка, затоа што воопшто немаше крв, само црвена точка на ногата- раскажува Весна Велиновски, мајката на Милан.
Но кога отишла под туш со детето забележала бел круг и две зелени точки на ногата на Милан скоро како да е гриз од змија.
„Едвај можеше да стои на пета, со оглед дека убодот беше на стапалото под палецот. Се обиде да оди малку, па јас го носев потоа, а цело време не престана да вреска од болки“ – изјавува Весна за српскиот медиум.
По доаѓањето кај лекарите, тие веднаш знаеле дека станува збор за отровна риба.
„Стоплија вода, истурија во лавор, а потоа ни кажаа тука да ја држи ногата. Милан набрзо престана да плаче. За пола час целосно спласна отокот, а потоа и испи лек. Ни кажаа уште 2-3 дена да ја држиме ногата во топла вода и да пие лекови уште една недела“ – раскажува мајката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.